Cornelia Huetter со првиот кристален глобус на Светскиот Куп во спуст со домашнa победа во Saalbach

Вести

Завршниот викенд со последните две брзински трки за жените во сезоната од Алпско скијање во Saalbach – Super G и спуст.
‘Speechless’ – беше изјавата после победата.

Cornelia Huetter е првата скијачка од Австрија која стаса до кристален глобус во спустот на Светскиот Куп во Алпско скијање после Nicole Schmidhofer во 2019г. Изненадувачки на домашен снег го крена малиот кристален глобус на Светскиот Куп во Алпско скијање со победата на спустот во Saalbach…
“Останав без зборови, Ваков неверојатен крај на домашна трка не можев да си замислам”….видно воодушевена – Huetter изјави после победата. “Утрово кога се разбудив после лошо преспана ноќ си помислив да го дадам најдоброто на оваа последна шанса денеска, и успеав”.
Словенечката пуленка Ilka Stuhec заедно со италијанката Nicol Delago го комплетираа веселиот подиум. Извиси шампионката во генерален пласман Lara Gut-Behrami која сепак имаше за што друго да се радува.

Претходен написи
Титов Врв – скијање високи линии #skimacedoniaONtour
Следен напис
СКИ ТУРИНГ КУП – ПЕЛИСТЕР 2024