Црногорскиот туризам инвестира во гондоли до каде се нашите?

Вести

Додека кај нас се ветија дури четири гондоли, релизацијата е нула.

Регионот секоја година рапидно инвестира и реализира без задршка и политички трикови. Туризмот е во постојан пораст со двоцифрени стапки на раст.

Кон средината на август беше отворена атрактивна туристичка понуда, модерна гондола Котор – Ловќен со импресеивен преглед на заливот Бока Которска.

Крајна станица 1.348 метри висина, бројот на кабини е 48 , со капацитет на опслужување 1.200 патници на час, времето на патување во двата правци трае 22 минути

Гондолата Котор-Ловќен за комерцијални возења беше свечено отворена на 14 август и уште од самиот почеток направи огромен интерес.

Гондолата ќе биде дел од една одржлива, еколошки ориентирана приказна, која во развојот на содржината ги следи светските туристички трендови во делот на активни одмори. Црна Гора има жичарница со поглед на еден од најубавите заливи во светот “, изјави извршниот директор на Котор – жичарница Ловќен, Марко Кус.

За еднонасочно возење возрасните треба да платат 13 евра, додека повратен билет е 23 евра. Цените на детските билети чинат 7 евра, односно 12 евра повратен билет.

Благодарение на довербата и поддршката што Mastercard му ја даде на проектот преку партнерството, сопствениците на Mastercard платежни картички во периодот до 15 септември можат да добијат попуст од 5 евра за секој билет. Попустите важат за плаќања со Mastercard платежни картички издадени од сите банки во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, без разлика на типот на картичката.

Исто така, благодарение на стратешкото партнерство со црногорската Комерцијална банка, која обезбеди финансиска поддршка за реализација на проектот, нивните клиенти ќе можат да уживаат попусти при купување билети.

Проектот жичарница „Котор – Ловќен “е спроведен со конзорциум на фирми.

Претходен написи
Како не трансформира планинарењето
Следен напис
Традиционално искачување Голем Кораб 2764м