Традиционално искачување Голем Кораб 2764м

Вести

Датум на искачување: Недела, 10 септември 2023

Традиционално искачување на Кораб 2764м по повод независноста на Македонија!
Под покровителство на ФПСМ и ПСК Кораб заедно ја ораганизираме оваа 33 годишна
традиција и ќе гледме да ја подобруваме од година во година за да и го дадеме значењето
на нашата држава како кон сите граѓани така и кон сите институции.
Оваа година ни се приклучи како поддржувач и АРМ (Армија на Република Македонија) која
ќе ни спреми бесплатно гравче за приближно 1000 посетители!
Сите клубови се добредојдени, сите луѓе кои сакаат да го качат нашиот највисок врв!
Во организација се приклучија и Национален Парк Маврово, Македонија Пат и еден доктор
од Систина.Започната е санација од горниот дел на патот надолу, а во следна фаза од
санацијата ќе се изврши расчистување на патот, тампонирање и невелирање.

ПРОГРАМА:

  • Тргнување од Железничка Станица Скопје- Пошта 2 во 05:00 часот.
  • Тргнувањето е на време, не одговараме за тие што ќе задоцнат.
  • Пристигнување на 2 км пред караулата Стрезимир на висина од 1500 метри.
  • Искачување на Голем Кораб 2764 метри
  • Враќање кон Скопје

ОПИС НА ТУРАТА:

  • Од почетната точка до врвот имаме висинска разлика 1490 метри.
  • Во еден правец има 10 км, во двата 20км.
  • Во првиот дел од турата има вода за полнење (еден извор), потоа нема
  • Турата спаѓа во тешки тури, но поради долгиот ден и групата која се движи заедно, се
    поминува полесно.

ОПАСНОСТИ.

  • Брзо спуштање на облаци и губење на групата
  • Напуштање на групата самостојно
  • Останување без течности
  • Стрмни делови обраснати со бусени (трева) може да ве сопнат

ПРЕПОРАКИ:

  • Не ги полните ранците многу со храна
  • Се прават доволно паузи, за сите да се искачат
  • Според организаторот искачувањето започнува во 09:00 часот а врвот се затвора во 15:00
    часот така што, кој каде се затекне во 15:00 часот, по правило треба да се спушти кон
    караулата.
  • Организираното искачување на Кораб е со организиран превоз, наша препорака е да си ја
    сочувате колата и да дојдете со наш превоз.
  • Земете си нешто со долги за на врвот.
    -Водичите кои го затвараат врвот треба сите да ги почитувате и слушате, во спротивно сте
    оставени сами на себе.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
Цената е 900 ден по човек е за организиран превоз со платен влез во националниот парк
Маврово. Пријавување и плаќање најдоцна до 09-ти септември 14:00 часот или до
поплнување на местата.
***ЗА СИТЕ КЛУБОВИ и за сите со сопствен превоз, турава НЕ СЕ наплаќа!
Пријавување кај
Дејан ✆ 071-212 808
Славко ✆ 070 – 742 255 (после 16:00ч)
Стефан ✆ 077- 617 617
*** Попатно собирање само кај Симпо, CitiMall , хотел Карпош и Кружниот во Ѓорче
*** Пријавете се порано за подобра организација.
*** Пријавување и плаќање во Паблик Рум од вторник(05.09.2023) – петок 17-19:00 часот.
Сабота од 12-14ч.
*** Бројот на места може да се ограничи само доколку нема превозници кои се уште нејќат
да возат по тампон.

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА

  1. Дејан Доневски
    Контакт тел. 071 – 212 808
    Меил: dejan@hiking.mk
  2. Стефан Перовски
  3. Славко Новјановски
  4. Владимир Павиќевиќ
  5. Иван Киселовски
  6. Стефан Никовски
  7. Владимир Николовски
  8. Васил Скрчески
    8 Томас Свинарски
  9. Антонио Пињух
  10. Камелија Костовска
  11. Кристина Стојановска
  12. Димитар Стојчевски
  13. Славица Мицкова и многу други кои ќе бидат повикани за оваа традиционална тура

Поддржувачи на традиционалното се пријателите на клубот

  • Сава Пензиско, Есенса Македонија, Скаут Аутдор Шоп.

УПЛАТА НА Ж-Сметка
Примач : ПК ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462
***Уплата можете да извршите САМО со предходна консултација на телефоните горе.
***Повраток на средства, со откажување само до 14ч – Сабота

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:

  • Разгазени планинарски чевли
  • Капа за сонце, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
  • Облека која штити од ветер и дожд
  • Пластичен прибор и канче за гравчето.
    ИСХРАНА :
  • Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
  • вода 2л минимум.
    Во линкот подолу е изјавата, која е задолжителна за потпишување пред тргнување со нас,
    која НИЕ ја обезбедуваме.
    https://docs.google.com/…/1gD6hTYPybZG6b…/edit…

НАПОМЕНА :

  • Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите,
    во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
  • Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група
    предводена од организаторот и водичите.
  • Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската
    акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната
    планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
  • Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на
    наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички
    препреки
Претходен написи
Црногорскиот туризам инвестира во гондоли до каде се нашите?
Следен напис
Val Thorens за фрирајд Courchevel за милионерски провод