Децата треба да бидат во природа 4-6 часа секој ден

Авторите на блогот 1000 Hours Outside од Америка, семејство со пет деца кој се постојано во природа, тврдат дека децата треба да се надвор, во природа, 4-6 часа секој ден. Иако велат дека ни тие самите не се 6 часа во природа секој ден, но дека нивната цел е да бидат најмалку три до четири пати неделно (повеќе во поубавите месеци и малку помалку во полошите). До оваа идеја доаѓаат преку делата на англиската класична воспитувачка Шарлот Мејсон, која живеела кон крајот на 19 век. Првично и тие самите мислеле дека нејзината идеја е сосема апсурдна, бидејќи тоа е далеку од типични детски активности во ова време, од кои повеќето траaт не подолго од еден час. Но на покана на пријател, почнуваат да поминуваат поголеми делови од денот во природа. Заклучокот е дека децата на кои им е дозволено толку време надвор, се губат во природата и во своите фантазии, а исто така побрзо се развиваат. Постојат многу фактори зошто, но една причина се должи на богатата сензорна средина која природата секогаш ја обезбедува.

Тие сепак не ги следат прецизно препораките на Мејсон, туку се прилагодени да направат простор за секојдневниот живот. Нејзините сознанија за тоа што е здраво за развој на детето се поддржани со истражувањата направени 100 години подоцна. Во книгата „Во рамнотежа и бос: како неограничената игра на отворено создава силни, сигурни и способни деца“, Анџела Ј. Ханском пишува дека децата од сите возрасти треба да добијат најмалку три часа игра на отворено на ден.

Се разбира во склоп на  семејниот живот тоа е малку тешко, но без оглед на ситуацијата во која сме, им должиме на нашите деца да се обидеме да им ја дадеме основата на компонентите што им се потребни за развој на повисоко ниво. Можеби 4-6 часа на ден надвор не е можно, но сегашните статистики велат дека просечното дете добива само 4-7 минути слободна игра секој ден. Ова значи дека просечното дете е веројатно надвор по 30 минути неколку пати во неделата. Кога на децата им е дадено време да бидат надвор, нивните тела инстинктивно го бараат сензорниот инпут што им треба да растат и да се развиваат. Ако децата можат да конзумираат медиуми преку екранот во просек 1200 часа годишно, значи имаат време и барем дел од тоа време може и треба да се насочи кон попродуктивен и здрав исход.

Претходен написи
Слепиот Хонг се искачи на Монт Еверест
Следен напис
Деца и планини