Димитар Тодоровски вчера ја истрча пола Шара 70 км 16 часа

Вести

Импресивен подвиг на младиот Димитар (Мики) Тодоровски планински трчач од планинарскиот клуб Македон. Мики сам за 16 часа ја истрча пола Шара од Старо Село Љуботен преку Титов Врв до Попова Шапка. Помина 70км со висинска разлика од 4500D+. Мики иако е млад, тој е долгогодишен искусен планинар, а движењето сам во планина е предизвик сам по себе кој како што ни изјави најголема тежина на подвигот е токму самотијата. Од исхрана користени се чоколади, а течности се надополнувани попатно од планински извори и поточиња.

 

Претходен написи
The Alps – wePowder фрирајд водич за алпите
Следен напис
AustriAlpin HMS Rondo Slide Autolock карабинер со сосема нов механизам
Мени