AustriAlpin HMS Rondo Slide Autolock карабинер со сосема нов механизам

Опрема и Совети

Една од најзначајните компании кога е во прашање опремата за качување AustriAlpin исфрла нов производ кој треба да обезбеди максимална безбедност во оваа активност. Се работи за карабинер со најиновативниот механизам на пазарот денеска, а може да се употребува во качување или при обезбедување. HMS RONDO е опремен со најбрзиот механизам за заклучување Slide Autolock, кој може да се отклучува со еден прст.

Автоматското отклучување на вратичката може да се направи многу лесно, со само притискање на вградениот лизгач. Но, преку интелигентната конструкција и вграденото позиционирање на копчето на механизмот за заклучување, скоро е невозможно да се отвори вратичката на карабинерот несакано, на пример кога има притисок од јажето, карпа и сл., што не е случај со други механизми со самозаклучување. Потоа, вратичката автоматски се заклучува кога го ослободувате лизгачот.

Корисниците кои бараат лесен за употреба и безбеден карабинeр, особено ќе го обожаваат HMS RONDO Slide Autolock. Дизајнот на карабинерот спречува содавање на остри рабови од триење, додека кружниот профил овозможува течно управување со јажето.

Карабинерот HMS RONDO ги исполнува сите очекувања во врска со лесно ракување и безбедност. Може да се користи за сите планински спортови, спортско качување и сл.

Претходен написи
Димитар Тодоровски вчера ја истрча пола Шара 70 км 16 часа
Следен напис
Зимските спортови во уметнички формат Ивана Пекевска