Еден од најпопуларните норвешки спортисти повторно скандалозен

Вести

Вистината за Petter Northug,” Да, имам сериозни проблеми со дрога и алкохол”.

Еден од најпопуларните спортисти од Норвешка, повторно скандалозен. Славниот екс Норвешки шампион во Крос Кантри најпосле им се исповедаше на новинарите, на една конференција за печатот во Trondheim една недела откако е пронајден кокаин во неговиот стан.

Повеќекратниот Олимписки и светски шампион Petter (34г) кој се повлече од активното скијање кон крајот на 2018г, истапи пред реномирани Норвешки новинари кои ги слушаа неговите зборови , откако на 13ти Август локалната полиција потврди дека е пронајдена мала количина кокаин кај него дома, по сомневање за возење под дејство на опијати. Истото го објави и на својот Инстаграм профил.

Легендата која речиси низ солзи во спремниот говор изјави на новинарите:  “ Имам сериозен проблем во употребата на дрога (кокаин) и на алкохол”. Можам само да кажам дека не употребував вакви супстанци додека бев активен во спортот, но сега имам потреба од помош. Не можам да не се извинам на сите луѓе окулу мене од пријатели и семејството кои ги повредив со ваквите постапки. Почнав да користам кокаин пред една година, а тоа го правев самостојно.

Фатен е како вози со 200 km/h на место каде е дозволена максимална брзина до 110 km/h.

“Ова што ме застанаа е освестување за мене, и важно е да ја раскажам мојата приказна. Морам да го сменам мојот стил на живот и морам да го направам тоа веднаш.”

Trondheim

 

 

 

Претходен написи
Уживајте во планините со вашите деца
Следен напис
UIAA советува – Десет работи во предвид кога купувате опрема за качување
Мени