Го чистиме Водно со #еCommerceMk заедницата

Вести

Во соработка со планинарскиот спортски клуб H2O и нашите партнери НАЕОПМ и Пивара Скопје, АЕТМ ве поканува на еко дружба со #eCommerceMk заедницата и секој оној кој сака да придонесе за чисто Водно.

Собирањето отпадоци ќе започне во 10:00 часот од средно Водно и ќе се одвива по две планинарски патеки (Бабина и Новогодишна) предводени од водичите на H2O, a на врвот на Водно во планинарскиот дом Даре Џамбаз ќе не пречекаат вкусните бургери на Jojo’s BBQ, ладни пијалоци од Пивара Скопје, здрави благи од Healthyish и одлична атмосфера за поминато убаво неделно попладне со музиката на DJ Foodieman.

⏰ 10:00 meeting point – Средно Водно
📍 13:00 Крајна дестинација: Врв на Водно – планинарски дом Даре Џамбаз
🎵 DJ Foodieman
🍔🍲 Jojo’s BBQ & Healthyish

➡️ Потврдата на присуство е задолжителна на овој линк: https://bit.ly/prijava-ecoevent

Ве охрабруваме да поканите ваши блиски, да ги пријавите и заедно да придонесеме во кревање на свест и чистење на водно со оваа Еко Акција!

*Опремата за чистење (заштитни ракавици и кеси за отпад) е обезбедена од страна на организаторите.

Претходен написи
Уште еден македонец го искачи Еверест
Следен напис
Скијање на Cerro Blanco највисоките дини во светот