Екотерапија: Престој во природа на рецепт

Бројни истражувања кои сме ги објавувале покажаа дека секој престој во природата помага да ја ресетираме и обновиме нашата енергија. Само 20 минути на ден се доволни за природата, како и секој друг лек, да започне со работа. Престојот во природа неодамна стана дел од официјалната медицинска терапија во Шкотска. Лекарите таму имаат надлежност да им препишуваат природа на своите пациенти за широк спектар на болести на рецепт. Ова е прва програма од ваков вид во Велика Британија, а предлозите за активности на рецепт во природата за многумина звучат смешно и навидум бесмислено. Значи, во случај да живеете во Шкотска, можеби ќе ви биде препишано да лежите на трева, да играте во песок, да ги храните птиците или да шетате со куче, да подготвувате храна на отворено, да ги набудувате облаците или едноставно да го допирате морето.

Ако ова навистина ви звучи бесмислено и несериозно, време е за нов лек

Зелената терапија секако не е нова. Поради брзиот и стресен живот во Америка, екотерапијата станува сè попопуларна, а од другата страна на светот, јапонската влада промовира шумска бања (ширин-џоку) со децении, медицински третман што Јапонците се многу среќни да го практикуваат.

Ширин џоку значи прошетка и можност целосно да се предадеме на атмосферата во шумата. Колекцијата на шумски појави, мириси и звуци, повикување на птици, шушкање на лисја, топлина на бои, вкус на шумски плодови и чист воздух имаат корисен ефект врз сите наши сетила и, како бања, го прочистуваат целиот организам. И не само шумата, истражувањата покажаа дека секој престој во природата ни помага да ја ресетираме и обновиме енергијата. Организацијата за умствено здравје „Минд“ со седиште во Есекс неодамна спроведе петгодишно истражување на 12.000 лица со проблем на депресија, кое покажа дека природната терапија ја намалува анксиозноста кај дури 81% од испитаниците.

Ова е поддржано од други студии според кои жителите на руралните области страдаат помалку од депресија отколку луѓето во градовите – тие едноставно не го знаат зборот анксиозност. Научно е докажано дека останувањето во природа позитивно влијае на нашето психо-физичко здравје. Еволутивно, човекот го поминувал поголемиот дел од своето време во својата природна средина. Затоа, не е изненадувачки што нашето тело се чувствува најдобро во природата, иако сме биле навикнати на бетонски простор со генерации. Само 20 минути на ден се доволни за природата, како и секој друг лек, да започне со работа.

Позитивните аспекти на влијанието на природата врз нашето ментално и физичко здравје се повеќекратни. Престојот на отворен и чист воздух го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, го зголемува расположението, ја намалува депресијата, помага при дијабетес и дебелина, и што е најважно го смирува нервниот систем и го намалува нивото на хормонот на стресот. Екотерапијата исто така игра важна улога во спречување на многу здравствени проблеми. Престојот во природа го штити видот, спречува и ги ублажува симптомите на компјутерски вид предизвикани од предолго гледање на екранот, го подобрува квалитетот на спиењето и го балансира биолошкиот часовник. Престојот на сонце, бидејќи го зајакнува имунитетниот систем, значително го намалува ризикот од автоимуни болести. Сите знаеме дека сонцето не храни со витамин Д, и дали знаевте дека недостаток на овој витамин е поврзан со остеопороза, рак и Алцхајмерова болест?

Прошетајте двапати пред јадење

Додека екотерапијата не стане официјална медицинска терапија во нашата земја, можете да си го препишете овој и сличен лекарски рецепт без никакви консултации со лекар или фармацевт. Бидејќи што и да правите или што не правите во природа, дружењето со неа ќе биде лек за вашето тело и ум. Како за почетници, користете ја зелената околина најблиску до вас како бесплатна аптека. Градкиот парк, парк шумата Водно или некое зеленило во околината на Скопје ќе ја заврши својата работа. Дружете се со природата на различни начини или едноставно набудувајте ја. Слушајте ги звуците, восхитувајте се на облаците или, како што препорачува шкотскиот медицински водич, одберете две различни билки, добро разгледајте ги и дозволете си пауза од стресот неколку минути.

Претходен написи
Низ крајниот див запад и опасната Мала Враца
Следен напис
Како изгледа ранецот за македонските планини

Fatal error: Uncaught wfWAFStorageFileException: Unable to save temporary file for atomic writing. in /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php:35 Stack trace: #0 /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php(659): wfWAFStorageFile::atomicFilePutContents('/home/skimacedo...', '<?php exit('Acc...') #1 [internal function]: wfWAFStorageFile->saveConfig('livewaf') #2 {main} thrown in /home/skimacedonia/public_html/wp-content/plugins/wordfence/vendor/wordfence/wf-waf/src/lib/storage/file.php on line 35