About the ski center
Ски центарот Кожуф се наоѓа во јужниот дел, на пограничниот регион меѓу Македонија и Грција, сместен на надморска висина од 1.550-1600м и позициониран на северните падини на планината Кожуф. Во рамките на ски-зоната има неколку врва над 2.000 метри, највисоки Зелен Брег (2.171 м) и К-92 (2.102 м) . Кожуф изобилува со голем воден потенцијал, бројни реки, богат е со шума, флора и фауна.
Кожуф е релативно нов, датира од 2006 година и се карактеризира со голема атрактивност, особено за љубителите на фрирајд скијањето и на сноубордингот. На 200км оддалечен од Скопје и 130 км од Солун, вистински магнет за авантуристите. Го карактеризираат големи количества на снег особено што целата ски зона е со северна експозиција и преставува интересна турно и фрирајд дестинација.
Центарот нема голема развиена инфраструктура од аспект на сместувачки капацитети и угостителски објекти. Засега располага со неколку помали објекти, вили и ресторани, па доколку сакате да преспиете повеќе денови, пожелно е навреме да си резервирате. Гевгелија е на 20 минути од центарот, па на располагање се сите благодeти на модерниот живот, природни терлмани бањи, казина и ноќни клубови.
- Location Ski Center Kozuf, Gevgelija Region, North Macedonia
Forecast / weather
7-day forecast: Open-Meteo

