Крушево

Скијање над највисокиот град на Балканот

About the ski center

Ledlenser

Крушево град во западниот дел на Македонија. Етно градот на некогашната Крушевска република. Tипично планинско гратче, со просечна надморска височина од 1350 метри и највисок град на Балканот.

Градот е поврзан со ски центарот преку двосед жичница која влече директно од центаот низ букова шума горе на терените. Ски терените се наоѓаат на месноста Станич 1400, опремен со 2 ски-лифтови и една двосед жичница. Центарот е тивок, фамилијарен, идеален за првите чекори во скијањето. Располага со широки благи терени и една патека со црвена маркација под двоседот која води директно до градот.

Крушево има култура на нордиско скиење од каде произлегуваат и врвни репрезентативци. Располага со тренинг патеки за нордиско скијање. Пешачењето по долгите снежни патеки низ букова и зимзелена шума е вистинска атракција во есен и зима.

Центарот има и ноќно скијање на синиот лифт и стазата под жичницата. Во непосредна близина на терените, има угостителски објекти, ски рентал и инструктори.

Крушево поседува богата историја, архитектура, споменикот Македониум, спомен куќата на музичката легенда Тоше Проевски, манастирска црква Свето Преображение Христово.

Идилична зимска дестинација опкружена со букова шума, Крушево нуди релаксирачки услови за скиење од декември до средината на март.

Познат по натпревари од светско првенство во параглајдинг, бројни патеки за планински велосипедизам, атв.

 

  • Location Stanich Ski Area, Krusevo, North Macedonia

Forecast / weather

7-day forecast: Open-Meteo
пет14°5°Делумно облачноВетар до 12 km/h
саб14°4°Претежно ведроВетар до 9 km/h
нед16°5°ОблачноВетар до 7 km/h
пон17°6°ВедроВетар до 7 km/h
вто17°7°ОблачноВетар до 7 km/h
сре14°4°ОблачноВетар до 6 km/h
чет16°7°Провејувачки дождовиВетар до 14 km/h

7-day forecast: Open-Meteo

Map

Accommodation

Во Крушево има хотели, апартмани и викендички од 3* до 5*. За препорачани објекти со фотографии и контакт, погледнете ги картичките подолу.

Restaurants

Покрај лифтовите има ски-барови, ресторани и кафули. За конкретни локали со мени и резервации, погледнете ги картичките подолу.

Задолжително видете