Еве го најевтиното скијање во Европа годинава

Вести

Скијањето можеби не е нешто што е достапно за секого особено сериозни ски цетрни и сериозна пракса на скијање, но ако се прашувате каде би можеле да одите на скијање, сигурно ќе ве интересира каде е евтино. Се разбира тоа во Македонија можеби е Пониква или пелистерските ски центри Копанки и Нижеполе.

Надвор од границите многумина ќе ја спомнат Бугарија, што беше точно до неодамна, но веќе не.

Оваа година имаше пресврт. Бугарија веќе не е најевтината скијачка дестинација, особено за оние кои прават и посериозни анализи и статистики како што се британските агенции и туристи.

Зимскиот италијанско одморалиште Бардонекија е рангиран пред бугарските ски центри Боровец и Банско како најповолна дестинација за љубителите на зимските спортови, според годишната анализа на скијачките центри, која ја оценува врската помеѓу квалитетот и цената.

Скијањето е здрава активност
Инаку, со анализата беа опфатени 36 европски скијачки центри, а беа собрани податоци за цените на билетите, изнајмувањето на опрема, школите за скијање и храната и пијалоците на скијачките патеки.

Се покажа дека Bardonecchia ги покачи цените во однос на лани за само 1,4 отсто, додека Боровец ги покачи цените до 8,2% и е на второ место, а Банско со пораст на цената од цели 18,1% заврши на шестото место во листата на најприфатливи ски дестинации во Европа.

Претходен написи
Новогодишен Базар Попов Шапка
Следен напис
Идилична планинска куќа Вила Мавро – Маврови Анови