Halk Velo Green

  1. Halk Velo Green
Halk Velo Green септемвриСеп 08 2020 10:30 - 14:00 Europe/LjubljanaMavrovo

Mavrovo
На 8 Септември во Маврово за прв пат ќе се одржи хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN. Ќе се вози патека во должина од 22 километри, во 2 категории, ПРО и ХОБИ.
Организацијата на трката е во знакот на тенденцијата на Банката да промовира здрави животни навики кај населението и придонесување кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) која го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење, возење велосипед корисникот добива Halk Coins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување на нови зелени површини на локации во земјата каде што истото е неопходно.
Халкбанк АД Скопје за прв пат се наоѓа во улога на организатор на настан од ваков тип и се надева дека истиот ќе прерасне во традиција. Сите оние кои ќе земат учество во настанот се надеваме дека покрај спортскиот дух и можноста за победа и освојување на вредна награда, ќе бидат водени и од крајната цел – придонес во зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување.
Категоријата ПРО ги опфаќа сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но во неа можат да возат и сите оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за сите велосипедисти кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. Натпреварување на членовите на Велосипедска федерација во оваа категорија нема да биде дозволено. Доколку се случи некој да не го почитува ова правило, ќе биде направена проверка во ВФМ и ќе биде префрлен во ПРО категорија.
Стартот на трката ќе биде хронометар, што значи дека на секои 15 секунди ќе стартува по еден велосипедист.
Во 10.30 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ПРО
Во 12.00 часот ќе стартуваат учесниците во категоријата ХОБИ
Секој ќе стартува според редолседот на броевите кои ќе ги добијат при процесот на пријавување и времињата на старт ќе бидат објавени во стартната листа.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето ќе е тука и ќе трае до 2 септември. Бројот на учесници е ограничен, и доколку предвидениот број на учесници се пополни и пред предвидениот рок, пријавувањето ќе биде затворено и пред наведениот датум.
КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата изнесува 600 денари.
Сите уплатени котизации ќе се искористат за пошумување на одредени површини во земјава каде што ќе биде утврдено дека има потреба од истото.
СТАРТЕН ПАКЕТ
Секој учесник во трката ќе добие:
• Стартен број со чип
• Медал за завршена трка
• Освежување
• Онлајн диплома
• Бесплатни фотографии од трката (Pic2Go)
• Заштитна маска за лице
• Подарок од пријателите на трката
• Осигурување од несреќен случај за време на траење на трката
Напомена: Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава.
ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ БРОЕВИ
Стартните броеви ќе се подигаат од 3 до 5 септември, од 10 до 19 часот во продавницата ProBike (www.probike.mk) во Скопје.
НАГРАДИ
Најдобрите 3 места во машка и женска категорија во двете трки (ПРО и ХОБИ) ќе бидат наградени. Наградите ќе бидат следните:
Категорија ПРО - мажи
1. Ваучер за Garmin часовник во вредност од 30.000 мкд
2. Ваучер за спортска опрема во вредност од 15.000 мкд
3. Ваучер за спортска опрема во вредност од 9.000 мкд
Категорија ПРО – жени
1. Ваучер за Garmin часовник во вредност од 30.000 мкд
2. Ваучер за спортска опрема во вредност од 15.000 мкд
3. Ваучер за спортска опрема во вредност од 9.000 мкд
Категорија ХОБИ – мажи
1. Ваучер за Garmin часовник во вредност од 20.000 мкд
2. Ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 мкд
3. Ваучер за спортска опрема во вредност од 3.000 мкд
Категорија ХОБИ – жени
1. Ваучер за Garmin часовник во вредност од 20.000 мкд
2. Ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 мкд
3. Ваучер за спортска опрема во вредност од 3.000 мкд
ОПИС НА ПАТЕКАТА
Стартот на трката ќе биде на големиот паркинг пред спортската сала, а на истото место ќе биде и целта. Се вози до Хотелот Радика каде се влегува на паркингот, а од другиот излез на паркингот се враќа назад по истата патека. Мерењето ќе биде со помош на чипови, и ќе има поставено контролни точки на старт/цел и на вртењето кај Хотелот Радика. Патеката е долга 22км и на неколку места на патеката ќе има судии кои ќе се грижат за регуларноста на трката.
Import to Google Calendar

Location

Mavrovo

Directions

Could not find route!

  • Распоред
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_date

stec_replace_icon_div

stec_replace_min / stec_replace_max °stec_replace_temp_units

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by Forecast.io

Мени