Руен 2252м #ИзлезиИДиши

Руен 2252м #ИзлезиИДиши

  1. Руен 2252м #ИзлезиИДиши
22Дек
Руен 2252м #ИзлезиИДиши декемвриДек 22 2019 00:00 - 23:55 Europe/Ljubljana

Ponikva-Osogovo

Иницијативата #ИзлезиИДиши се кратки и лесни тури, во рамките на можностите на сите љубители на природата. (Почетници планинари)
Со иницијативата #ИзлезиИДиши сакаме да ги "извадиме" сите луѓе надовр од затворените простории во кои живеат, работат и тренираат, како и да им ги доближиме Outdoor активностите најдобро што знаеме.

Зависници од пентарење, чист воздух, слаба бучавост и добар грув ќе присуствуваат на овие настани.
Турата е погодна и за помалку активните скопјани кои се качуваат на Водно и за сите оние кои сакаат да ни се приклучат а притоа имаат искачено некоја планина 🙂
Значи, одиме на кратки тури кои се како измислени за дружење, запознавање, разговарање ....

Иницијативата ќе опфати по 2 тури во еден месец, а ќе трае одприлика 4 месеци. И тоа во месеците со голема загаденост на возухот во градовите.
Ова е нашата мерка за здрав живот во загадените градови.

Овој пат заедно со ЗПЗП Калин Камен од Крива Паланка одиме на врвот Руен 2252м на Осоговските планини.

ОПИС НА ТУРАТА:
Традиционланото искачување кое го негува Калин Камен, за првиот ден од зимата. Искачувањето е со стартна точка од рудникот Тораница. Искачувањето е воглавно по голем колски пат кој води така широко сѐ до самиот врв.
Горе ќе имаме кратко седење и сликање доколку е убав денот.
Угорнината по која се искачува врвот е доста блага. Должината на патеката е пократка за 1км во правец од Царев врв. Со што должината е кратка но угорнината е за 50м поголема,сето тоа ќе придонесе да имаме средна тура, со отежнато газење во снег.
Дишењето чист воздух и погледите ќе треба да ги посакате.
Добар влез во зимските тури, со знаење за опрема и движење.

ПРОГРАМА:
- Тргнување од Желензничка станица Скопје 06:00 часот
- Планирано пристигнување пред рудникот Тораница во 8:00 часот
- Краток говор на домаќинот на традиционланото искачување
- Почетна точка 1501м
- Крајна точка 2252м
- Се искачува нешто под 800 метри (Водно и малку)
- Должината на патеката е 8,4 км во правец
- Завршувањето на турата е во 13:00 часот (каде и да се најдете во тој период се спуштате назад кон комбињата)
- Планирано враќање во Скопје 20:00 - 20:30 часот

ОПАСНОСТИ:
- Појава на облаци и губење во магла (чекање на патека, не напуштање на групата)
- Студено на дланки или нозете, кажување на најблискиот водич.

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:

ЦЕНА: за превоз на турата 600 денари од Скопје
Пријавување и информации најдоцна до сабота (21 декмеври) до 14:00 часот кај:
Славко ✆ 070/742-255 (по 16.30 ч.)
Стефанн ✆ 077/617-617

Плаќањето можете да го извршите на ж-сметка но со предходна консултација.
Примач : ПК Ај лав хајкинг груп маседониа
Банка : Стопанска банка – Скопје
С-ка бр: 200003122673462

или во
*** СКВИЗ МЕ – ЧЕТВРТОК И ПЕТОК од 17-19 часот и САБОТА од 12-14 часот.

ПОАЃАЊЕ:
СКОПЈЕ
- во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 - Железничка станица
- попатно застанување, Алкалоид автокоманда

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:
Стефан Перовски
контакт тел. 077/ 617 617
меил. stefan.perovski91@gmail.com

Останати водичи: Тимот на I love hiking

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
- психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
- високи разгазени чевли;
- гамашни;
- топла облека која штити од дожд и ветер;
- ракавици и капа;
- планинарски стапчиња;
- облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 2 л.;
- суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Import to Google Calendar
  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by openweathermap.org