Mavrovo Maximum Adventure 2022

  1. Mavrovo Maximum Adventure 2022
27May
Mavrovo Maximum Adventure 2022 MayMay 27 2022 15:00 - MayMay 29 2022 20:00 Europe/LjubljanaMavrovo

Mavrovo

Седми „Mavrovo Maximum Adventure 2022“ тим билдинг настан во регионот

Ресорт Маврово, по седми пат, ќе бидe домаќин на најголемиот тим билдинг настан во регионот – „Mavrovo Maximum Adventure 2022“. Годинава, од 27-ми до 29-ти мај, терените во мавровскиот регион ќе бидат простор за нови професионални авантури на „Mavrovo Maximum Adventure“.

Сите сме свесни како пандемијата влијаеше на нашите животи, на нашите работни навики и на работата од дома. Но, време е, на отворено, да организираме идеален тим билдинг на кој учесниците од различни компании и организации, преку бројни адреналински спортови и авантуристички игри, ќе добијат совршена шанса за подобрување на комуникацијата меѓу вработените, подобрување на интерните односи, зголемување на довербата и лојалноста, а пред сѐ одлична забава за целата компанија.

Sport Challenge игрите (кајак на мирни води, возење SUP даски, стрелаштво, планинско трчање, планински велосипедизам и други) и Adventure Games игрите, како и изминатите години, ќе бидат дел од програмата која ги нуди Mavrovo Maximum Adventure. Годинава, за прв пат, покрај традиционалните веќе познати игри, Ресорт Маврово во својата програма ќе внесе и нови атрактивни игри како дел до Mavrovo Maximum Adventure. Со поддршката на професионалните спортски друштва, учесниците ќе имаат задача да совладуваат препреки, во најбрз можен рок, потпирајќи се на снаодливоста, интелигенцијата и агилноста на членовите на тимот.

Освен богатата понуда која ја нуди „Mavrovo Maximum Adventure“, овој настан е уникатен и поради совршената локација – секогаш атрактивното Маврово, кое важи за едно најубавите македонски туристички точки. Место кое е идеално за спорт, рекреација и релаксација проследени со чист воздух, неверојатни пејзажи и планинско спокојство.

„Како компанија секогаш се трудиме на нашите гости да им ги обезбедиме мирот и хармонијата на природата, поврзани со активности и спортски игри. Активниот живот во мирниот пејзаж овозможува рехабилитација на личноста, на нејзино поврзување со колегите, зацврстување на тимскиот дух и секако, подобро, поефективно и поефикасно работење во тимот“, вели Огњан Циговскидиректорот на Ресорт Маврово.

Придружете се на најдобрите и бидете дел од единствениот настан со уникатни активности.

Import to Google Calendar

Location

Mavrovo

Directions

Could not find route!

  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Comments

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by openweathermap.org