Tрадиционалното искачување на Титов Врв

Tрадиционалното искачување на Титов Врв мајМај 27 2023 11:00 - мајМај 28 2023 18:00 Europe/Ljubljana

Popova Shapka

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по 41ви пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Р. Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и развој.

Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ - Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови да земат учество на овој заеднички планинарски настан. Сите заинтересирани друштва/клубови задолжително е да се пријават преку формуларот за пријавување и изјава на координаторот, со што би стекнале статус на учесник во организираната активност.

СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ
● Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација.
● Обезбедено е ноќевање во:
- Хотел Славија - Попова Шапка по цена од 900 ден (15 €) за ноќевање
- Хотел Тетекс - Попова Шапка по цена од 1 800 ден (30 €) за полупансион (HB)
● Ве молиме, најдоцна до 23.05.2023 г. да го пријавите Вашето учество.

КОНТАКТИ
- Игор Стојаноски – моб: +389 (0) 78 380 508
- Деспина Тофиловска – моб: +389 (0) 77 592 091
- e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk


ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
27 мај 2023 (сабота):
- 11:00 ч. – 18:00 ч. – прием на гости во хотелот „Славија“ – Попова Шапка
Активности од 13:00 до 18:30ч.
- 19:00 ч. – свечено отворање на настанот во холот на хотелот „Славија“ – Попова Шапка.
- 19:30 ч. – состанок со координаторите на групите и доделување на дипломите за учество
- 20:00 ч. – 23:00 ч. - планинарско дружење и забава.
28 мај 2023 (недела):
- 06:30 ч. – Тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
- 11:00 ч. – пристигнување на колоната на Титов Врв
- 12:00 ч. – тргнување на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка
- 16:00ч.– пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара забава со диџеј и отворени штандови со локални производи
- 18:00ч–испраќање на гостите.

Import to Google Calendar
  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by openweathermap.org