Tour de Galicica 2019

  1. Tour de Galicica 2019
Tour de Galicica 2019 јуниЈун 15 2019 00:00 Europe/Ljubljana

Galicica

Outdoor настанот „Тур де Галичица“ ќе се одржи по 6ти пат oд 15ти до 16ти јуни 2019 година. Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме и оваа година да бидете наши гости.

Организатор на настанот е „Преспа Бајк – Ресен“. Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која ќе биде на 16 јуни во Недела. Оваа година планинарската тура ќе биде на врвот Магаро од 2255 м.н.в и со можеби најдобриот поглед на двете езера и таа исто така ќе биде во недела со почеток во 9 и 15 ч. Исто како и претходните години, Ви нудиме можност за кампување збогатено со забава во Lakeview Hotel & Resort, Otesevo на отворено на кое покрај кампувањето ќе има и доста други изненадувања.
Велосипедската тура е долга 68 km. Стартот е во 9ч во Недела. Линк од целата тура https://www.bikemap.net/en/r/4399131/ . Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.
Линкот за пријавување на планинарската и велосипедската тура
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со самото стартување, учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе, ниту кон другите учесници.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Организаторот го задржува правото за правење на евентуални измени кои ќе бидат неопходни, а за кои ќе бидете навремено известени.
Телефон за контакт: Кристијан 078/254-443, Дејан 075/282-207
Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен во недела на 16 јуни со почеток  во 9 часот и се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнесува некаде околу 8 км. Линк од планинарската тура: https://www.bikemap.net/en/r/4988855/ . Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 14ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 денари. Наплатата е на лице место.
Import to Google Calendar
  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_date

stec_replace_icon_div

stec_replace_min / stec_replace_max °stec_replace_temp_units

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by Forecast.io

Мени