Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)

  1. Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв)
12Јан
Врв 4/12: Перен на Козјак (1326 мнв) јануариЈан 12 2020 05:30 - 19:30 Europe/Ljubljana

За стара-нова година одиме на зимска тура да го искачиме највисокиот врв на планината Козјак помеѓу Кривопаланечко и Кумановско на североистокот на Македонија

тура: АРБАНАШКО/КОКИНО - ПЕРЕН - П'КЛИШТЕ
патека на движење: село Арбанашко (902 м.) - рид Чукар (972 м.) - Венец (1064 м.) - гребен Брезје (1218 м.) - врв Перен (1326 м.) - Преслап (1195 м.) - Овчарски Гроб (1302 м.) - село П'клиште (1321 м.)
*** Поради снег и неисчистеност на патот можна е промена во почетокот и крајот на турата (во с. Дејловце). При повторување на турата во пролетни и летни услови, ќе биде изодена првично замислената рута од 35 км која ги опфаќа и опсерваторијата Кокино, природното вулканско Мокро Езеро и средновековниот Карпински Манастир
Должина: 16 км
Тежина: средна (во зимски услови со снег: средно-тешка)
Вкупно времетраење: 8 часа

Поаѓање од Скопје (12.01.2020): 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Цена: 600 денари (500 денари превоз + 100 денари учество во предизвикот кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови“, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите).

Пријавување (за целосно сигурно одење) најдоцна до петок 10.01.2020 во 17 часот, на Марио Шаревски - 071 216 066, 070 209 462 и 071 591 260. Пријавувањето е задолжително со име и презиме (доколку сте целосно сигурни дека доаѓате) и исклучиво преку телефон (!!!). Ве замолуваме, заради подобра и поголема ажурност при заведување во списокот, да се пријавувате со јавување на еден од трите телефонски броеви, а не преку пораки на Facebook, со цел водичите да имаат подобра евиденција и подобро насочено внимание на секој што ќе се јави и пријави за сигурно доаѓање!!!

УПАТСТВА:
- Тежината на турите е средна и се одвива во зимски услови со снег, поради што не е препорачлива за почетници и за оние кои не поседуваат основна зимска планинарска опрема и облека!!!!
- Временските услови ќе ги проверуваме на следните линк од сајтовите за временска прогноза (https://www.meteoblue.com/en/weather/week/peren_north-macedonia_787126 и https://www.yr.no/place/Macedonia/Other/Dejlovce/)
- задолжително носење на облека соодветна на зимски услови и снег: топла облека: зимска водонепропустлива јакна и панталони, блузон (polar) со долги ракави, капа, ракавици, резервна маица, гамашни за газење во длабок снег, задолжително: јакна ветровка - шушкавец. добро разгазени планинарски чевли високи до глужд со 2 пара на чорапи (!!!) за заштита од триење и плускавци при долготрајното одење, планинарски стапчиња.
- Мобилните телефони да бидат со полни батерии (најмалку 95%)
- Храна од ранец за време на турите (сендвичи, суво овошје, чоколадо и житни плочки, најмалку 1,5 литри вода, магнезиум и електролити)

Import to Google Calendar
  • Schedule
  • Guests
  • Attendance
  • Forecast
  • Коментари

Weather data is currently not available for this location

Weather Report

Today stec_replace_today_date

stec_replace_today_icon_div

stec_replace_current_summary_text

stec_replace_current_temp °stec_replace_current_temp_units

Wind stec_replace_current_wind stec_replace_current_wind_units stec_replace_current_wind_direction

Humidity stec_replace_current_humidity %

Feels like stec_replace_current_feels_like °stec_replace_current_temp_units

Forecast

Date

Weather

Temp

stec_replace_5days

Next 24 Hours

Powered by openweathermap.org