Охридскиот регион ќе добие нов вид адреналин и поинаква можност за присуство во планината.
До Виа Фератата, се стигнува преку излетничкото место „Корита“, по лесна патека во должина од 1,2 километри. Почетната точка на фератата се наоѓа на 1.465 мнв, а највисоката точка која се достигнува е на 1.685 мнв.
– За сите заинтересирани, Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид ќе обезбеди безбедносна опрема и водичи на групите, а Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ќе биде присутна и ќе се грижи за безбедноста на настанот, информираат организаторите.
Локацијата ќе добие и информативна табла со податоци за Виа Фератата, која е изработена со финансиска поддршка од ПОНТ (Prespa Ohrid Natural Trust), во рамки на проектот „Авантуристичка зона во Националниот Парк Галичица“.
Името на првата Виа Ферата во националниот парк Галичица е „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја (Juniperus foetidissima), која е особено карактеристична за повисоките делови на паркот.