GPS записи за патеките на Водно

Вести

Веројатно сите скопјани се искачиле барем еднаш во животот на Водно. Веројатно и сите сте чуле за имиња на некои од патеките како Цветкова, Пензионерска патека, Новогодишна, Олимписка, но не сте знаеле која од патеките е таа, или пак сте сакале да се искачите до Крстовар од Соње, а не сте знаеле дали воопшто има патека.

Комисија за планинарски патеки при ФПСМ го олесни искачувањето на најпознатата Скопска планина и на веб страната www.planinarskipateki.mk постави патеки на Водно со описи, категоризација, простирање и GPS записи. Во најава е дека во наредниот период ќе има уште патеки кои ќе се објавуваат периодично, а пристапот и симнувањето на GPS записите ќе биде без ограничување. Се надеваме дека на овој начин ќе се придонесе за поголема безбедност и сигурно движење по планинарските патеки низ Македонија.

Претходен написи
Водно доби нови патокази и инфо табли
Следен напис
НОВИ МЕРКИ ЗА ПЛАНИНАРСКИ АКЦИИ