Halk Velo Green веќе традиционален настан

Вести

Во се пооштра и побројна конкуренција, Halk Velo Green трката по четврти пат во Маврово ги собра велосипедистите да се пробаат меѓусебе.

Веќе традиционален настан и натпревар проследен со навивање, дружење и забава, каде велосипедот беше главната гравитација за собир, рекреација и спорт.

Трката е дел од еко – платформата Халк Банка, преку која се дава голем придонес за заштитата и подобрувањето на животната средина. Се вбројува меѓу многуте настани и активности кои Халк Банка ги организира или ги поддржува преку својата платформата ХалкЕко, а во рамките на „зелената агенда “.

А, преку истоимената апликација, со вредни награди ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат, односно да користат велосипед или тротинет како превозни средства.

Победниците добија вредни парични награди, кои ги обезбеди Халк банка: 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ВОЗРАСНИ, во машка и женска конкуренција, а во категоријата ДЕЦА – 10.000, 5.000 и 3.000 денари.

Во категоријата жени, Андријана Анастасоска стигна прва на целта, втора Александра Танасоска, а трето место Лидија Мано Илиев.

Категорија мажи, победник е Димитар Јовановски, втор Кирил Марковски и трет Маријан Тасевски.

Годинава имаше и подкатегории одредени од возраста на натпреварувачите од 40 до 49, од 50 до 59 и над 60 години.

Најбрзи беа тимовите на Нивеа, ЈЦА и на Халк банка.

Кај децата на возраст од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките.

Меѓу најмладите, од 6 до 12 години, кои возеа патека долга 12 километри, првите три места кај женските ги освоија Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска, а од машките најдобри Михајлов, Шаврески и Чекеровски.

Паричните награди освоени во категоријата ВОЗРАСНИ ќе бидат исплатени на сметки на добитниците во Халк банка, а секој од нив ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Собраните средства од котизациите за учество во трката, согласно воспоставента практика, Халк банка повторно ќе ги искористи за општествено корисни цели.

Претходен написи
Македонското скијање загуби голем скијачки работник
Следен напис
МОЌТА НА ВИБРАЦИОНАТА ОБЛЕКА ВО ВАШИОТ ГАРДЕРОБЕР