ХАЛК БАНКA ТРЕТА ГОДИНА ВО МАВРОВО ЈА ОРГАНИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА HALK VELO GREEN

Вести

И годинава, на 8 септември, трета година по ред, во Маврово ќе се одржи хронометар велосипедската трка Halk Velo Green чиј организатор е Халкбанк АД Скопје како дел од општествено одговорните активности на банката насочени кон негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата HalkEco.

Ланската трка Halk Velo Green беше збогатена со нова категорија ПРО Кидс за деца од 6 до 12 години и млади од 13 до 17 години. Бидејќи велосипедизмот сè почесто станува семеен спорт, со ова се овозможи цели семејства да можат да спортуваат и да се забавуваат бидејќи настанот освен спортски доби и забавен карактер. За најдобрите, Халкбанк лани обезбеди вредни парични награди што ги добија првопласираните тројца победници во секоја од категориите во машка и женска конкуренција.

И годинешната трка, според досегашниот одзив за учество, се очекува да биде уште еден успешен спортски настан каде вљубениците во велосипедизмот ќе можат да уживаат во убавините на Маврово, да спортуваат и да се забавуваат. Пријавувањето за учество трае до 29 август, но доколку максималниот капацитет на учесници биде исполнет порано, пријавувањето ќе биде затворено и пред крајниот рок. Категориите за натпревар остануваат исти, како и патеката Бистра-Леуново-Бистра што треба да се извози, долга 22 километри. За најдобрите велосипедисти во сите категории Халкбанк повторно обезбеди вредни парични награди. За убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и ДЏ Гоце Саф, а за анимирање на најмалите ќе бидат “задолжени” маскотата за детско штедење Халки и Ефектива.

Halk Velo Green, како дел од платформата HalkEco, е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, па оттаму уште од првата трка, средствата собрани од котизацијата се користат за засадување нови дрвја. Со парите обезбедени од првата трка беа уплатени 8000 дрвја за пошумување во Свети Николе, додека оние од втората трка се искористија за обезбедување дополнителни 7.700 садници за овој регион. Дел од платформата е апликацијата HalkEco, чиј главен поддржувач е MasterCard, а со нејзино користење при трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа што му носат низа подароци и финансиски бенефиции, додека за возврат банката презема обврска за засадување нови дрвја. Од стартот на платформата, Халкбанк има донирано над 33.000 садници во повеќе региони во земјава. Во глобални рамки, компанијата е дел и од коалицијата “Priceless planet”, заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години.

Претходен написи
Швајцарските глечери се намалија повеќе од половина
Следен напис
Kачувачки фестивал Демир Капија 2022