Инкубаторот за супер скијачи клубот Скади прокнижи нови успеси за македонското скијање

Вести

Децата кои целата своја младост ја оставија на терените низ Европа, упорност, посветеност, тренирање, чист професионален скијачки филм. Кога ќе ги погледнете во овој стадиум нивните перформанси, борбеноста да се искија што подобро, што поквалитетно, онаа агилна натпреварувачка позиција на телото, ви станува јасно дека станува збор за супер спортисти со светла иднина.

Македонската млада скијачка Јана Атанасовска (16) член на АСК Скади која веќе ги прави првите трки во сениорски кругови, е дел од тој филм, скијачки lifestyle, за кој малкумина се свесни што значат успеси во овој супер спорт.

Јана денес освои уште еден подиум на слаломска трка во Италија и го забележа најголемиот историски успех до сега.

Нашата голема скијачка надеж во својата прва сезона на меѓународни ФИС натпревари запиша уште еден рекорд во историјата на македонското женско скијање. На слалом трката во Passo Oclini  (Италија), во силна конкуренција од вкупно 74 натпреварувачки, оствари 52 ФИС точки, фантастичен резултат кој ја пласираше на второто место во категорија до 18 години, односно на шесто место во финалниот пласман.

Вкупното време на Атанасовска е 1:40.10 мин, а победничка на трката беше италијанката Шајен Костнер (1:39.14 мин.)

Претходно кон крајот на февруари на светското првенство во Courchevel на финалниот слаломски натпревар нашиот претставник Јаков Добрески со своите 17 години исто така член на алпскиот клуб Скади од Скопје го освои 54то место во конкуренција меѓу најдобрите ѕвезди од светот на алпското скијањето.

Данило Илиев (16) со прво место на фис слалом трка во Мокра Гора. Редовно учество на локални и регионални трки каде што добрите резултати не изостануваат на членови од клубот.

Останува да тренираме посветено и во иднина да постигнуваме уште подобри резултати со големо задоволство изјави тренерот на младата сениор екипа, Александар Атанасовски.

Претходен написи
Викенд планинска прогноза 11-12 март
Следен напис
Mavrovo on Snowshoes