Јахорина продолжува да се развива со нови инвестициски проекти

Вести

Додека кај нас се водат цел живот дебати, дали требало или не требало гондоли, лифтови и патеки, дали било оправдано Водно да добие комплетно решение, гондола од градот до врвот, дали вредело Тетово да се поврзе после 70 години повторно со Попова Шапка преку гондола, додека се фрлаат енормни пари за 100 студии за еден ист камен и дрво, регионалните центри градат се развиваат и книжат добивки.

Олимпискиот центар Јахорина со поддршка и помош на Владата на Република Српска продолжува со нови инвестициски проекти чија реализација ќе го подигне скијањето на Јахорина на ново, повисоко ниво. „Новите проекти и инвестиции на Јахорина создаваат поповолни услови за развој на туризмот во целиот регион Сараево-Романија“, изјави директорот на Олимпискиот центар Јахорина, Дејан Љевнаич.

Инвестицијата покрива, гондола, инсталација на четворосед жичници кои ќе транспортираат посетители директно од околните викенд населби, замена на постоечи застарени жичници со нови, проширување на капацитетите на патеките, нова спортска сала, деловни канцеларии.

Една од најголемите проектни ставки е гондола Пале – Јахорина, долга 7.500 м, со капацитет од 3.000 скијачи на час, со цел да се поврзе центарот на градот Пале со планината, што би претставувало нов вид превоз. Граѓаните на Пале ќе имаат најголеми придобивки, затоа што гондола директно ќе ги поврзе Пале и Јахорина. Заедно со транспортот, ќе биде можно да се има панорамски поглед на недопрена природа и привлечни планински предели. Изградбата на оваа гондола ќе привлече голем број инвеститори кон самиот Пале.

Спортска сала на Јахорина ќе опфаќа изградба на спортски центар, канцеларии, теретана, сауна, гаража, деловни простории, голем пазар, детска игротека, продавница за спортска опрема и друго. Планирано е да се изградат конференциски сали, изложби, туристички информативен центар, простор за складирање како и сала за организирање на големи настани и концерти, што во голема мерка ќе го олесни функционирањето на планината. Нашата цел е концерти и подготовки на врвни спортисти да се одржат во оваа сала.

Директорот на Олимпискиот центар Јахорина, Дејан Љевнаич додаде “Благодарение на паметните инвестиции од страна на Олимпискиот центар Јахорина и Владата на РС, инвеститорите се вратија во Јахорина. Во тек е изградбата на три големи комплекси за сместување, што значително придонесува за развојот на оваа планина. По реализацијата на овие проекти Јахорина ќе биде не само лидер во регионот, туку и цела Југоисточна Европа “Олимпискиот центар Јахорина минатата година веќе стави во фунцкија една кабинската гондола Јавор – Партизан. Станува збор за инсталација на Leitner со капацитет од 2.700 скијачи на час и должина од 1.100 м. Гондолата има вкупно 36 кабини со по десет седишта, од кои едната е ВИП-адаптирана за специјални намени. Изграден е на траса која е најмалку изложена на ветер и магла, така што ќе работи дури и кога другите инсталации не се во можност. Поврзува дел од скијачката област Прага со дел од скијачката област Поjице, што недостасуваше во претходниот период.  Во рамките на центарот изградени беа и три нови патеки долги 5 км долж гондолата, главните и најголемите патеки се покриени со снежен систем и изградени се ветерни фарми (дрвени огради). Дневната ски карта во најскапа варијанта минатата сезона изнесувше околу 28 евра (1750 денари).

Претходен написи
Сериозна локална обсервација на временски услови наскоро на веб
Следен напис
Ретро фотографија многу легенди на едно место