Јана Атанасовска со уште еден историски успех за македонското скијање

Вести

Младата македонска скијачка Јана Атанасовска повторно оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање и тоа во својата деби сезона во сениорска конкуренција.

16-годишната Атанасовска на денешната ФИС трка во слалом на патеката Сепада во Италија се пласираше на 10то место и оствари одличен резултат од 71,84 #FIS точки.

Честитки до Јана и тренерот Александар Атанасовски (АСК Скади) за постигнатиот успех. 

Претходен написи
Викенд планинска прогноза 11-12 февруари
Следен напис
59-ТИ „МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ“