K2 почнува да наликува на Еверест

Вести

Кога 145 планинари се искачија на К2 во еден ден минатата недела, тоа ја направи втората највисока планина во светот што личи на Еверест во време на најголемите гужви. Mingma G штотуку објави видео на Фејсбук што покажува како изгледала планината на 22 јули, додека клиентите и нивните водичи се движеле нагоре во близина на Bottleneck.

Тоа потсетува на озлогласените фотографии од Еверест во последниве години, на кои се гледа „конга ред“ во близина на врвот.

До неодамна, К2 се сметаше за „качувачка планина“ која е премногу техничка и премногу опасна за комерцијализација. Но, бидејќи фиксираните јажиња, изобилството кислород и поддршката на Шерпите ги олеснија врвовите од 8.000 метри, излегува дека таа проценка била неточна.

Previous Post
На Проклетије загина планинарка од Србија
Next Post
Сашко Кедев го искачи и Broad Peak (8051 м.)
Menu