Дури и во лето планината навечер е прилично студена или барем тројно постудена во однос на летниот сончев ден. Во текот на ноќта и рано наутро се појавува и роса кога водената пареа се кондензира на растенијата и опремата и го прави престојот многу постуден се до првите сончеви зраци.
- Одете во кревет топли – направете неколку брзи вежби (скокови, склекови) за да се загреете до ниво пред да почнете да се потите, за да останете сепак суви.
- Јадете – не прејадени, туку земете мала ужинка пред спиење, бавно варечка храна (јаткасти производи) која ќе ослободува постојано енергија и топлина
- Вода – потребно е да сте добро хидрирани за да останете топли
- Облека – Променете ја облеката со која сте биле цел ден низ планина, легнете со чиста и сува облека. Мерино облеката ветува комфор и топлина во секое време.
- Носете капа – Губиме многу топлина преку нашата глава, доколку носиме капа ќе ни ја сочува топлината на телото. На пазарот постојат тенки и лесни капи кои не стегаат и речиси не ги чувстувате на вас при спиење.
- Устата и носот слободни за дишење – влагата при дишење во вреќа само ќе ги влошува условите.
- Носете изомати, подлога која треба да ве одвои од земјата.
- Користете чорапи и термоси со топла вода.