Како изгледа Шарска авантура во овој период од годината

Вести

До Црно Езеро и Рудока се поаѓа од гостиварското село сместено на падините на Шара, село Ѓурѓевиште. Околу 2:30 – 3 часа ви се потребни да слетате до едно од највисоките глациални шарски езера, а оттаму ви се потребни уште по еден час до големите двеиполилјадарки Рудока 2.658 м или Бориславец 2.675 метри кои висат над езерото. Обично поспремните секогаш продолжуваат до овие големци, а доколку ви е доволно езерото, тука имате простор да си реализирате планинска плажа каде би уживале во спокојството на дивината. Пливањето во езерото е препорачливо за оние кои уживаат и можат да издржат студена вода. Попатно имате бачило од кое може да набавите шарско сирење кое се изработува на лице место од локалните жители со опкружување како од среденовековие, бачила налик на земјанки. Ѕирнете кратко видео.

Претходен написи
Субвенции за велосипеди и електрични скутери Град Скопје
Следен напис
Afriski е првиот ски центар кој отвори на јужната хемисфера