Кирковски постави нов брзински рекорд за искачување на Пелистер

Вести

Александар Кирковски продолжува да поставува рекорди или да ги пробива веќе поставените времиња за брзинско искачување низ македонските планини. Овој пат во игра беше врвот Пелистер и подобрување на претходно поставено време од 2 часа 10 минути и 54 секунди од страна на Александар Стојкоски.

На 22 јули 2020 година, од стартна точка Инфоцентар до врв Пелистер и назад „преку болниците“ Кирковски реализираше вкупно време од 2 часа 05 минути и 31 секунда, со што го подобри претходниот рекорд за скоро 6 минути. Патека долга 19 км, со денивелација од 1200Д+.

Успонот до врвот Пелистер, Кирковски го искачи за 1 час 16 минути, а спустот траел 49 минути.

Заедно со Стојкоски, согласни се дека рекордот може да се спушти под 2 часа како следна цел на која ќе најавуваат атак.

Поддршка и видео материјали од потфатот: Горан Кузмановски (дрон), Саша Грбиќ, Стефан Петровски, Даниело Божиновски и Влатко Гроздановски. Монтажа: Горан Вуќиќ.

Previous Post
Скијачка трка во летна варијанта Saalbach
Next Post
Кој качува најмногу според ГПС аналитиките