Кои центри ги посетуваат кралските куќи на Европа

Вести

Каде скијаат луѓето кои можат да бидат секаде, а ги избегнуваат љубопитните очи и несаканото внимание. Кралските семејства на Европа покрај големите бизниси, политичари и спортисти, се оние кои привлекуваат најмногу внимание. И покрај тоа, сепак и тие имаат свои омилени ски дестинации кои често ги посетуваат за да уживаат во магијата на белите планини, удобните хотели.

Вилијам и Кетрин, заедно со децата Џорџ, Шарлот и Луис го сакаат Courchevele во Франција. Courchevele е миленик на британскиот принц Вилијам, Кетрин и нивното кралско потомство. Courchevelе познат како еден од врвните скијачки центри на Алпите. Популарен кај богатите, познати по луксузните вили, продавници и приватни бањи. Тоа е прилично спектакуларно одморалиште, кое нуди епско скијање. Искусните скијачи сакаат разновидност на терени, а почетниците се почестени со благи падини.

Кралот Чарлс е редовен во Davos-Klosters, Швајцарија
Ексклузивeн и занемарен центар , сместен во живописната долина Prattigau во Швајцарија е омилено место на кралот Чарлс III. Посетувано од познати личности и филмски ѕвезди, шармантно село кое е совршена основа за уживање во купишта црвени патеки и долини за фрирајд. Сончевите патеки, Мишелин рестораните, елегантни продавници и раскошни бањи никого не оставаат рамнодушен.

Блиските роднини на британското кралско семејство, Зара Филипс и Мајк Тиндал со ќерките го сакаат Бормио во Италија. Спој на весели скијачки и релаксирачки термални бањи. Уживаат да скијаат на фрирајд патеките кои ги нудат Доломитите надвор од очите на јавноста. Најдоброто од апрес-ски е Бормио пред зајдисонце, вечерите се опуштени без големи гужви. Принцезата Евгенија, војвотката Сара Фергусон сака да поминува време во Вербие во Швајцарија. Гламурозно зимско скијалиште за богатите и славни. Блескавиот Сент Мориц е првокласен ски-центар во Швајцарија. Без разлика дали сте почетник или вешт професионалец, живописните сончеви патеки се забавни и разновидни, каде може да ги сретнете и останатите војводи, грофови од Англија и Шкотска. Луксузните барови и гурманските ресторани мамат со елегантни коктели и кујна со ѕвезди на Мишелин.

Холандското кралско семејство ужива во убавините на Lech-Zurs во Австрија.

Шпанскиот крал Филип може да се забележи на домашната сцена во Baqueira-Beret. Практично нечуен меѓу британските благороднички фамилии, но Baqueira-Beret го има кралскиот печат, одобрено од кралот на Шпанија. Шармантно одморалиште во срцето на Пиринеите. Љубителите на фрирајд се разгалени за изборот кој го нуди овој центар, а хелискијањето е друга планета.

Претходен написи
Огромeн врв на Хималаите се искачи за прв пат
Следен напис
Диви орди повторно се намерачиле на кулата на Титов врв