Според истражувања во САД за и околу движењето во природа и спортови на отворено, 46% од мажите и 54% од жените се согласни дека за жената е по ризично да оди сама на планинарење во дивина. Но ова во комбинација со крими статистика, консултирани експерти и во разговор со соло “хајкерки” резултатот е смирувачки.
Податоци за криминал и насилство врз жени скоро и да не постои и можноста да се случи такво нешто е за илјада пати помал во некој национален парк наспроти урбана средина или било кое друго место.
Инцидентите и повредите при одење сам во природа се секако ризични за двата пола. Но 80% од ангажирањето на спасителни служби биле заради мажи, од кои 12% од нив завршувале фатално, во однос на 9% жени.
Од друга страна жените се по резервирани и не си ја бараат бељата така често како што го прави тоа посилниот пол и не се нафаќаат да прават често “идиотски” работи што би ги направиле мажите.
Од 2.5 милиони посетители годишно низ Апелачка Рута (маркирана пешачка рута долга 3500 км на истокот во САД) 82% од насилството врз жената е направено од некој кој жртвата го познавала.