Конкурс „Најдобра планинска фотографија“ на ЕХО 2020

Вести
Во овие чудни, ковид времиња-невремиња, ако имаше барем нешто позитивно, тоа би било тоа што поради разно-разните забрани и отежнувања околу патувањето надвор од нашата држава, можевме малку повеќе да и’ се посветиме на Нејзе.
И знаеме – ја истражувавте повеќе, и’ се радувавте повеќе, ја сакавте повеќе…
Овогодинешниот фото-конкурс го посветуваме на македонските планини. Ајде сите заедно со што поголем број фотографии да ги споделиме искуствата и радостите од посетата на нејзините убавини и да покажеме и докажеме, повторно и повторно, колку нашата Македонија е навистина – прекрасна!
Конкурсот трае до 30ти септември. Целта повторно, исто како што беше и во минатите години, е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки… И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина!!!
Овој пат, темата е „Македонија – прекрасна!“ и ќе бидат прифатени само фотографии од планините и Вашите искуства во нив – од нашата прекрасна држава! 🙂
Конкурирање: Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: fotokonkurs@ehofilmfest.mk
Апликација: Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, насловот на фотографијата, а по желба на авторот и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум, кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата фотографија и други дела.
Претходен написи
Кацигите може да го зголемат ризикот од сериозни повреди
Следен напис
#ПочниСоВодно еколошка акција