Кацигите може да го зголемат ризикот од сериозни повреди

Опрема и Совети

Вознемирувачки наод од нова 8 годишна студија во САД. Двајца хирурзи од медицинскиот центар Dartmouth-Hitchcock лоциран во New Hampshire ги проучувале резултатите од повеќе од 700 пациенти од 35 скијачки центри за период од 8 години.

Студијата открива дека ски кацигите нудат поголема заштита за фрактури на черепот и лесни повреди, но статистичките податоци покажуваат дека има пораст на посериозни повреди.

„Откривме дека кацигите заштитуваат од работи што можат да се спречат, како што се фрактури на черепот или повредите на вратот и тоа е одлично и смирувачко“ рече една од авторите на извештајот, д-р Елиа Портер.

„Но, откривме дека луѓето кои биле со кацига почесто се здобиле со овие големи повреди, паѓале од големи височини, удирале во дрвја или стационарни предмети многу повеќе отколку кај пациенти кои не биле со кациги“.

Според научниците, луѓето со кациги почесто ризикуваат и возат поекстремно. Истражувачите се занимавале со 721 пациент од кои 65% носеле кацига, а 35% не.

Корисна студија и наоди кои секако не значат дека треба да ја избегнуваме кацигата. Тие се основа на секое прашање што да земам утрово на скијање.

Претходен написи
Courchevel добива нова патека со натпреварувачки ранг
Следен напис
Конкурс „Најдобра планинска фотографија“ на ЕХО 2020