Копаоник никад не спава, добива нова патека a забрзано се гради и гондолата

Вести

Ски центарот Копаоник односно Скијалишта Србија во државна сопственост не мируваат! За претстојната скијачка сезона, ски центарот Копаоник влегува со уште една нова скијачка патека што се гради на локацијата Дубока 2. Изградбата на новата патека, долга 744 метри и широка 40 метри, започна на почетокот на месец август 2020 година. Заедно со постојната ски патека што се поврзува Кнежевска бара – Дубока 1 (која исто така се проширува и влегува во новата патека), вкупната должина за скијање ќе биде околу 1.000 метри. Скијачката патека ќе биде категоризирана со средна тежина, а најверојатно ќе биде потребно одржувањето со винч. Патеката ќе започне на врвот на гребенот Караман. Со оглед на јужната ориентација, патеката ќе има потреба од вештачки снег во овој дел од скијачкиот центар, за што повеќе скијачки денови.

Гондолата Брзече – Мали Караман исто така се гради под полна пареа и ако бидат поволни временските услови најавуваат нејзин старт веќе во декември годинава. Започна да се гради на почетокот на март годинава со должина од околу 3.7 км и инвестиција од 22 милиони евра. Гондолата има за цел да го избегне и премости сообраќајниот хаос како и зимските прилики и неприлики кои го отежнуваат пристапот со возила до ски центарот.

Претходен написи
Каде би сакале метео станица на Пелистер придонесете за мала анкета
Следен напис
Ветар од 130 km/h во Маврово снегот се запиша на Кораб