Македонија да продава мир и тишина во своите туристички понуди

Вести

Причината што Финска како земја во своите туристички кампањи промовира тишина за своите посетители. Земјата ја направи тишината како атракција и наместо туристите да блеат во празен простор низ широките тундри, сега тие ги доживуваат работите од поинаков аспект. Имајќи ги во предвид севкупните состојби во светот и урбаниот хаос, има добра основа дека ова ќе функционира.

Со откритија на науката се дошло до заклучок дека тишината е вредна здравје. Според анализите, мирот и тишината се еден од најпродуктивните и регенеративни стимуланси на мозокот. Мозокот е зависен од надворешни и внатрешни стимуланси со цел соодветно да обработува информации. Овa ги инспириралo научниците од американскиот Duke University подетално да истражат, како мозкот создава шеми и нови ќелии под ефекти на аудио стимуланси.

Нивната примарна цел била да докажат како различни звуци влијаат на структурата на мозокот. Во експериментот четири групи на лабораториски глувчиња биле изложени на четири аудиторијални стимуланси: шумови, повици од бебе-глушец, класична музика и тишина. Истражувачите ја користеле тишината затоа што мислеле дека нема да произведе никаков ефект, но на нивно изненадување, со само 2 часа тишина на ден кај едно глувче се произведувале нови мозочни клетки во хипоталамусот, кои станале функционални неврони. Резултат кој може да биде решение на мноу психолошки состојби, каде тишината може да биде користена како терапевтска алатка.

Во пракса, медитацијата е една од најстарите ментални вежби засновани на тишината. Оваа техника учи како да се произведе ефектот на тишина и како да се стиши околината со исклучување на свесните мисли. Значи, ако чувстувате хаос, замор, депресивни состојби или стрес, обидете се да се релаксирате во мир и тишина. Секако планината е најдобра дестинација за тоа.

Претходен написи
Документарно видео Breathtaking: K2
Следен напис
Жичарницата во Маврово со летно работно време