Marco Odermatt победник во Santa Caterina

Вести

FIS Светскиот Куп во Алпско скијање ја продолжи турата во Santa Caterina Valfurva во Италија со две трки од Веле слалом за мажи. Втората веле слалом трка за мажи од Светскиот Куп во Алпско во SANTA CATERINA VALFURVA, беше поместена за еден ден откако големи снежни наноси на Италијанските Алпи оневозможија услови за трка.

FIS го задржа истот стартно време за трката во Понеделник откако ја одложи Неделната трка во Веле слалом “безбедноста за скијачите не беше загарантирана”. Понеделникот го чуваа како резервна варијанта откако уште во Петокот се најави невреме за викендот.

Швајцарецот Marco Odermatt победи во Понеделникот со убедливи 0.73 секунди и постана првиот Швајцарец кој победил на трка во Веле Слалом на Светскиот Куп од 2011г наваму (последен Carlo Janka). По освоеното второ место во Sölden сезонава , најави дека е главен фаворит во оваа дисциплина.

На Саботната трка победи Filip Zubcic од Хрватска, откако техничките лица ја расчистија патеката по големите свежи снежни наноси. Хрватот Filip , во Понеделникот имаше бавно прво возење за да бриљира во второто возење и се искачи на подиумот со трето место. Сепак не успеа да го надмине комбинираното време на Ford и на Odermatt.

Tommy Ford од САД на второ место во веле слаломот исто така со неверојатно второ возење. Американците со многу пофалби за Ford, кој има последна победа во Веле слалом лани на домашно тло во Beaver Creek, Colorado.

Во Италија тој потсети на стилот на сонародникот Ted Ligety, брз и агресивен стил со доза на фрирајд настап.

Следната трка од Светскиот Куп за мажи е брзинска трка во Val d’Isere, Франција со спустот закажан за 12ти Декември.

Женските трки се откажани во St. Moritz

Првиот брзински натпревар во сезоната за жените е откажан заради крупните снежни врнежи во St. Moritz, Switzerland и опасноста од лавина. Целата област беше затворена за скијање.

“Се до наредна година, St. Moritz…”

Следната станица за жените на Светскиот Куп во Алпско скијање е во Courchevel на 12-13 Декември со две трки во Веле слалом.

Замена за овие трки треба да биде одржана во St. Anton, Crans Montana или пак Garmisch-Partenkirchen пред одржување на Светскиот Куп.

Во St. Anton е закажан спустот и Super-G на 9ти и 10ти Јануари.

Претходен написи
Важноста да се биде безкорисен
Следен напис
Половина метар снег на Попова Шапка
Мени