Marta Bassino извикна од радост “Si!” откако ја пројде целта пред својата сонародничка Federica Brignone за Италијански 1-2 завршница во веле слалом на отворањето на Светскиот Куп во Саботата.
Bassino за прв триумф сезонава ја победи својата сонародничка инаку актуелен освојувач на Светскит Куп за само 0.14 секунди.
“Навистина сум горда и среќна од мојот старт сезонава. Навистина совршено,” “Ние сме совршен тандем. Имаме одличен тим. Работевме напорно и солидно ова лето и мислам дека ова е резултатот.” – изјави Bassino.
Ова беше многу сличен резултат на тој лани во велеслалом во Killington, Vermont, кога исто така ја совлада тимската колешка Brignone.
Petra Vlhova заврши на трето место пред Michelle Gisin од Швајцарија на четврто. Сите знаеме дека најсилниот конкурент за оваа дисциплина и трикратен шампион Mikaela Shiffrin ја пропушти трката заради повреда на грбот.
Вообичаено многу италијани патуваат на алпите за отворањето на сезоната, но годинава беше забрането присуство на гледачи и публика заради безбедносни и здравствени причини со вирусот.
Brignone изјави: “Се чувствувам навистина чудно, бидејќи Soelden е секогаш бучавата на прво место од навивачите и возбудата на публиката. Но бидејќи ова е компромис за почеток на сезоната, затоа е во ред.” “Го сакам скијањето но изминатите неколку недели бев нервозна и не скијав како што треба. Но сега сум по релаксирана. За мене е фантастично што сум тука и започнувам нова сезона.”
Како прва севкупна победничка во Купот од Италија, Brignone е под поголем притисок сезонава да го потврди својот статус на шампион.
На делумно магличавиот глечер Rettenbach уште во првото возење Bassino обезбеди предност пред Brignone. За второто возење иако загуби дел од предноста откако се расчисти небото, сепак нејзиното водство беше недостижно.
Видео од машката трка
Момчето со голем потенцијал Lucas Braathen со својот првенец златен медал