Marta Bassino која сезонава е извонредна во велеслалом, продолжи во исти стил викендов во Крањска Гора со целосен триумф. Среќен викенд за италијанката која двата дена застана на подиумот заедно со швајцарката Michelle Gisin.
Bassino ја продолжува извонредната сезона со четврта победа во велеслалом пред најголемите фаворитки на извонредно брза и заледена патека во Крањска Гора.
Настанот најчесто се одржува во Марибор, но втора година по ред се префрла во Крањска Гора заради недостаток на снег и влажно време. Домаќинот на 57-мо издание на турнирот Златна лисица, беше без публика крај терените и на целта заради состојбата со пандемијата.
На терените каде имаше доста снег, двете велеслаломски трки не беа погодни за главните фаворитки Petra Vlhova и Federica Brignone која заврши надвор од првите 3.
Жените имаат на повидок уште два спуста и super-G натпревари во Crans-Montana, Швајцарија наредниот викенд пред одржување на Светскиот Куп во Италија, Cortina.