Мерино волна водечки технички материјал за повеќедневни активности

Мерино волната водечки природен материјал кој дава простор за повеќе авантура!

Доколку имате активен животен стил кој вклучува планинарење, фитнес, скијање, возење велосипед, трчање, патување за максимум комфор добро е да користите облека од природни материјали. Иако ценовно е позиционирана погоре од модерните синтетички материјали, природното потекло и удобноста, гарантираат вистинско уживање. Најважни карактеристики, супер регулатор на температура, неутрално чувство, помага да се заштити телото од промени во температурата и нивото на влага. Физичките активности може да се одвиваат во различни услови, а видот на облеката има големо влијание врз перформансите на телото и негова заштита. Волнените влакна апсорбираат 30% повеќе влага, која не ја чувствувате на вашата кожа, лесно испарува правејќи ја мерино волната поудобна и високо функционална во однос на другите материјали. Во зима најбрзо губите температура ако носите испотена облека, држи влага и не суши брзо.

Природно отпорна на мирис поради уникатните антибактериски својства, уште една клучна придобивка, зошто мерино волната е победник во сегментот на активна облека. Погодна за повеќедневни физички активности.

Волната за максимум ефект се носи директно на гола кожа како прв слој. Зголемена дишливост, апсорбира повеќе влага и не ги губи првичните својствата. При потење нема мирис и е супер за фитнес, работа низ канцеларии и затворен простор. Добро ја балансира температурата на телото и штити од забрзано дехидрирање на кожата.

Во Македонија преку брендот Woolona мерино светот, на располагање ви е облека целосно изработена од австралиска мерино волна, со 100% учество на метеријалот при изработката.

Претходен написи
Искачена легендарната насока Supercouloir Mont Blanc