Mikaela Shiffrin ја заработи својата 89ма победа во кариерата на Светскиот Куп минатиот викенд во Леви – Финска во директна битка со Vlhova, заработувајќи го првото место пред хрватката Leona Popovic откако Vlhova не ја заврши трката во слалом.
Shiffrin на крајот се обиде да ја утеши Petra која и честиташе на подиумот.
Ова е веќе неверојатно 139-то искачување на подиум на Светскиот Куп во кариерата на Американката со што го пројде Австриецот Marcel Hirscher за втора позиција во историјата на Алпското скијање.
Легендата Ingemar Stenmark, го држи се уште рекордот од осумдесетите со 155 подиуми.
Еленот кој традиционално се дава како подарок на победничката на овие трки во Финска, а на кои претходните 6 им беа дадени имињата како Rudolph, Sven, Sunny но и токму на Ingemar…
Shiffrin која претрпе повреда на тренинг пред две недели и заврши со посета на болница и пропушти добар дел од тренингот сепак имаше задоволителен викенд без посериозни болки во коленото за време на трката иако после трката покажа слика со лед врз коленото откако почувствувала мака.
Женските трки во Алпско скијање продолжуваат со спустот закажан на Matterhorn за овој викенд. Shiffrin ќе ги прескокне како што и често бидува со овие брзи трки.
Нејзин следен настап очекуваме на веле слаломот и слаломот во Killington, САД на празникот Thanksgiving.