На Водно се гради велосипедска патека

Вести

Како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето планинска велосипедска патека на Водно. Новата планинска велосипедска патека ќе биде со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица па се до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова патека е како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува приридното опкружување, а при нејзината изградба нема да се оштетат или сечат околните дрвја. Се очекува истата да биде целосно готова за околу еден месец.

Проектот за уредување на оваа планинска вело патека се реализира во соработка и е кофинансиран од страна на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), преку програмата за развој и промоција на туризмот во шест држави од западен Балкан. RCC е регионален проект за развој на туризмот кој е финансиски подржан од Европска Комисија.

Претходен написи
Кога скијањето беше резервирано за оние со џентламенски стил
Следен напис
Колашин 1600 се проширува со нови ски патеки
Мени