Колашин 1600 се проширува со нови ски патеки

Вести

Црногорскиот ски центар Колашин 1600 кој се наоѓа на планината Бјеласица ќе добие нови 6 км ски патеки до крајот на годината. Новите скијачки патеки ќе ги исполнат сите стандарди и норми според меѓународната скијачка федерација (FIS). Планирано е да содржат и пропратни елементи категоризации, маркации, патокази, заштитни огради, соодветна сигнализација и ширина од 20на метри. Владата на Црна Гора изминативе 2-3 години инвестираше околу 22 милиони евра за подобрување на туристичките капацитети само на овој ски центар. Минатата година во функција беше ставен и нов шестосед, инсталиран и ставен во функција во најкраток можен рок.

Владата на Црна Гора вложува 100 милиони евра за изградба на нови ски-центри до 2022 година, вклучувајќи комплетна патна и комунална инфраструктура. Само во ски центарот Колашин 1600, ќе бидат инвестирани околу 50 милиони евра. Инаку зоната на Колашин е на висина од 1400 до 1800 метри, неспоредливо помали територијални и висински разлики во однос на нашите од бога дадени падини на Шар Планина со речиси готови патеки без потреба да исечеме ниту едно стебло.

Претходен написи
На Водно се гради велосипедска патека
Следен напис
Комора за туризам: Агенциите ќе банкротираат владата да ги продолжи мерките за помош
Мени