Nimsdai Foundation најави чистење на К2

Вести

Туризмот на осум илјадарките зазема се поголеми размери, а со тоа и хаосот. Големите планини станаа депонии, а сликите кои пристигаат од горе се ужасни. Иако самите компании кои ги организираат турите го создаваат хаосот, во последно време стануваат по свесни за ситуацијата и преземаат мерки. За потоа повторно да создадат хаос. Сепак Нимсдаи и неговата компанија на инстаграм објави дека е време да се преземе акција.

Ѓубрето на К2 во Камп 2 беше толку лошо оваа година, нашиот основач Нимсдаи за малку ќе повратеше од мирисот. Расипаната храна и човечкиот отпад, старите шатори и јажиња надолу по планината – замрзнати во мразот се цедат во подземните води.

Време е за акција. Денеска го објавуваме нашиот нов проект за справување со овој одвратен куп отпад на К2. Горди сме што можеме да кажеме дека заедно со нашиот основач @Nimsdai, Фондацијата го планира нашиот следен проект #BigMountainCleanup – враќање на К2 следната година со поголем тим за чистење.

Следната година сакаме да имаме Шерпа тим кој ќе има работа да чисти со полно работно време и да ги отстранува старите, искористени и опасни јажиња. Ова ќе биде предизвикувачки и скап проект поради оддалеченоста на К2 и затоа што ќе треба да плаќаме за дозволи и плати со полно работно време за оние шерпаси кои работат со нас, (кои ќе треба навистина добро да се компензираат за она што ќе ја промашат сезоната на искачување на К2.)

Ова ќе биде дополнение на Everest Big Mountain Cleanup што веќе е планирано за 2023 година. Ова е одговорност. Чистењето чини пари и затоа ни требаат корпорации и донации за да го направиме ова што е можно поголемо – колку повеќе средства можеме да собереме, толку поголемо ќе биде чистењето и ќе има поголемо влијание.

Преземете акција, донирајте сега: nimsdaifoundation.org.

Previous Post
DJI Mavic 3 лета од врвот на Еверест
Next Post
Thule Foothill за динамични кампери