Thule Foothill за динамични кампери

Опрема и Совети

Ако сте од оние брзо подвижни планинари, скијачи , ловци , риболовци, фотографи кои сакаат поедноставен и динамичен престој во природа, тогаш лесно расклопливите шатори инсталирани на возило се веројатно најидеална опција. Еден од поинтересните модели кои го презентираме е Thule Foothill шаторот за две возрасни лица кој компактно се преклопува и зачувува вреден простор на покривот за останата опрема, скии, велосипеди, кајаци и друг товар потребен за престој во дивина. Кога е преклопен, Thule Foothill има ширина од само 61 см, што е половина од големината на повеќето шатори наменети за покривот на возилата. Дополнително со специјално изолаторско платно лесно се заштитува и може да се користи во студени зимски денови.

И покрај неговата компактна големина при патување, шаторот има исто толку внатрешен простор како и традиционалниот шатор за две лица. За да се постави, едноставно се расклопува потпрен на телескопски алуминиум столбчиња. Преклопен, дизајнот се наоѓа на 24 см над багажникот на покривот, создава поаеродинамичен профил и зазема помалку простор за складирање во гаража во оф сезона.

Thule Foothill е златен победник од саемот ISPO Минхен за 2021 година, изграден за да се фокусирате на она што е навистина важно, авантурите со пријателите и семејството.

Овие производи можете да ги набавите кај Дејан во Вектор Ауто дистрибутер за Македонија

Претходен написи
Nimsdai Foundation најави чистење на К2
Следен напис
Швајцарските глечери се намалија повеќе од половина