SkiStar кој управува со неколку од водечките ски центри во Норвешка и Шведска, објави нов пет годишен договор со easyJet, кој ќе овозможи нови рути од Гетвик и Манчестер до аеродромот Скандинавски Планини – портата до најголемата скијачка област во Шведска, SkiStar Sälen и најголемиот скијачки центар во Норвешка, SkiStar Trysil, следната зима.
Почнувајќи од сабота, 6 декември 2025 година, британските па и останатите патници ќе можат да летаат директно од Лондон Гетвик (LGW) и Манчестер (MAN) секоја сабота во текот на зимската сезона. Услугите се резултат на нов петгодишен договор за соработка помеѓу авиокомпанијата и операторот на скијачките центри.

Новите рути ќе работат во текот на целата зимска сезона и ќе им понудат на британските и останатите љубители на скијањето значително полесен и побрз пристап до Шведска и Норвешка.
„Многу сме задоволни од соработката со easyJet, која ќе им даде можност на повеќе Британци и европјани да ги доживеат нашите фантастични скијачки центри и единствената атмосфера на нашите дестинации во Sälen и Trysil. Летните рути овозможуваат континуиран раст на меѓународни туристи “, вели Стефан Сјостранд, извршен директор на SkiStar. Зимските авионски билети се веќе достапни за резервација преку easyJet.com