ЈП Македонија пат подружница Скопје деновиве започна да изведува реконструкција и асфалтирање на регионалниот пат Р-2238 село Галичник – Маврово. Асфалтирањето се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10 – 16 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Паралелно привршуваат и работите за санација на свлечиштето близу месноста Царевец.