Офроуд-астро авантура за навистина возбудлива ноќ

Вести

Август месец е добар период за бегство од урбаното бетонско опкружување. Вообичаените и досадни планински тури и дестинации, ги заменивме со офроуд шетање кое дополнително не “одметнаа” од комерцијалниот свет. Заедно со охридската екипа пријатели и авантурите на Дедо Димо Куратица поминавме астро ноќи каде може да се едуцирате и споделите информации за многу мистични моменти кои ги нуди небото навечер. Импозантни сцени на светлина. Го посетивме Мазатар на височина од 1600 метри, на падините на Плакенска планина каде после еден час адреналинско возење од с.Куратица (базата на Дедо Димо) низ шуми, кал и угорници пристигнувате на точка од која го гледате шарениот ѕвезден хоризонт надополнет со светлините од охридско-струшката ривиера, преспанскиот регион, Галичица и погледите кон Пелистер.

Офроуд-астро авантурите на Дедо Димо (етно ресторан кој нуди и авантуристички туризам) заедно со 2С Студио, ви стојат на располагање до крајот на овој викенд, 23 август , за навистина возбудлива ноќ.

Претходен написи
Како изгледаше журката над Полог и Скопје гледана од Бистра
Следен напис
Од септември до Галичник по нов асфалт