Однесување на снег и ниски температури

Зимата наближува, со неа и врнежните од снег и проблемите кои ги носи со себе. За успешно справување со студот и снегот, прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат кога температурата ќе отиде во минус, а вие сте далеку од цивилизација, по патишта, ски центри, планини. Напомена, овие совети не се наменети за оние кои често одат во планина, туку за оние кои се повеќе ориентирани на рекреативни зимски прошетки во природа.

Облека

– Повеќе слојна тенка гардероба е потопла од едно две подебели парчиња , мерино волната е лидер од материјали кои заштитуваат од влага и студ

– Облеката и обувките не треба да стегаат со цел да има подобра циркулација и да не дојде до брзо преладување и измрзнатини

– Надворешниот слој пожелно е да биде Goretex или материјал кој не пропушта ветар и влага, дозволува телото да дише, влагата од телото да излегува кон надвор, а спречува надворешната влага да продре внатре.

– Јакната треба да е затворена околу вратот, половината и ракавите со цел да не излегува топлиот воздух надвор

– Капата е задолжителна за топла главата, главата е дел од телото кој најмногу оддава топлина

– Ракавици, дланките во текот на движењето треба да ви останат суви, избегнувајте контакт и допир на влажни предмети, избегнувајте тенки обични ракавици, тие при поголем студ или ветер не се функционални.

Обувки

– Избегнувајте воопшто да тргнувате на прошетка со патики, ниски и несоодветни чевли. Во зима дури и ако нема снег, теренот во природата е влажен. Секогаш носете високи, водоотпорни чевли, топли и удобни чорапи. Волнените чорапи се идеални.

Движење

– Потребно е да движите во заветрина, простор што помалку изложен на ветер. Доколку е невозможно свртете му грб на ветрот, избегнувајте директна изложеност на градите и лицето, рацете заштитете ги во џебовите од јакната.

– Темпото при движење во снег би требало да биде умерено, да не се препотувате или пак да не се ладите.

– Секогаш потребно е да носите резервна сува маичка и да се пресоблечете. Практикувајте мерино волна.

– Снегот го отежнува движењето, патот кој се проаѓа при снег од 25см за еден час, при поголеми наноси од 50-60 см истиот пат ќе се помине за далеку повеќе време, нешто што минуваме за 15 мин да трае еден час.

– При поголем снег  телото е во константен допир со ладна површина и брзината на ладење е многу поголема. Ова треба да се има во предвид ако е потребно да се минува низ терен кој е завеан.

– Носете со себе ситна храна (чоколадо, суво овошје, суви колачи, двопек), по можност и термос со топол чај, да располагате со свеќа и запалка, свеќата во заклон може да ја подигне температурата. Доколку нема заклон, најдобро е да се ископа дупка во снег или во шума околу дрво да се постават гранки за топла подлога т.е што помал директен контак со снегот.

– Постојат фолии од алуминиум кои рефлектираат студ со која може да се покриеме и да ја сочуваме топлината. Еден од називите и е aстрофолија, може да се носи и во џеб и е добра идеја да ја имате при себе во зима.

– Осетот за простор се менува. Објектите према кои се ориентираме во нормални услови, стануваат невидливи, а и конфигурацијата на теренето се менува во целост. Во такви услови без компас , GPS навигација, движењето е скоро и невозможно.

– Не одете сами, движете во пар или група

– Мобилниот телефон за комуникација секогаш чувајте го во внатрешни џепови на топло со цел да се сочува батеријата од студот, ставете го на battery save mode како би се редуцирала до максимум потрошувачката.

Список на работи кои е добро да ги имате со себе:

Свеќа и запалка

Лед батерија, челна лампа

Лопатка за снег во автомобилот

Свирче

Полн мобилен телефон, банка за дополнување

Чоколадо , суво овошје, сува ситна храна

Мултифункционално ноже

Астрофолија

Возило

Ако сте со возило, избегнувајте често излегување за да се заштитете од надворешниот студ, влага и ветар. Секогаш е полесно да се пронајде завеано возило наместо човек кој паднал во снег и намет. Во зима не движете без зимска опрема, мала лопата за снег, свеќа, ќебе, ситна храна, доволно гориво за да се обезбеди подолготрајна работа на моторот при заглавување. Секогаш мора да имате во предвид, издувниот систем да биде oслободен од снег како не би дошло до гушење од јаглен моноксидот од издувните гасови. Доколку снегот и бурата е преголема и го покрие целосно возилото најдобро е да го исклучите моторот затоа што тогаш нема никаков просто за проветрување од издувните гасови. Се обидувате да се згреете со свеќа, мал простор од кој би влегувал и свеж воздух.

Претходен написи
Сервисирање ски опрема неколку совети
Следен напис
Снег низ ски регионите