Заладеното време и свежиот снег придонесоа глечерската зона на Kaprun, Кitzsteinhorn да стартува со скијање од петок 7 октомври. Скијањето се одвива на 3000 метри. Цената на дневна ски карта за возрасни изнесува 64 евра.
Австријците пред три години ги споија оние нешта кои природно си припаѓаа едни на други, Kitzsteinhorn, Kaprun и Maiskogel. Директно од Kaprun благодарение на две нови ултра модерни гондолски линии под називот 3К може да се транспортираат скијачите директно на глечерот Kitzsteinhorn со ski in – ski out можност. Со оваа инвестиција овозможи непречена фрекфенција и снежна понуда за регионот од октомври до крајот мај.
Кitzsteinhorn е дел од Glocknergruppe каде се наоѓа и највисокиот австриски врв, Großglockner 3798 метри.