Les Arcs Paradiski, Француските Алпи во 2026 пролет!

Вести, Дестинации

Термин на поаѓање: Петок, 06 март 2026, враќање назад во Скопје, 15 март 2026 година

Les Arcs е составен од пет населби: Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 и Arc 2000, сите поврзани. LES ARC 1800 каде што е сместувањето е најголемата населба во оваа ски зона и од логистички аспект најповолна за престој. Севкупно центар кој бележи многу брз развој денес заедно со La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри. Населба со најбогата Après-ski содржина. Многубројни пабови, ресторани, продавници, a според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, секако едно од најдобрите во Франција

Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан.

Во 2003 направена е нова годола Vanoise Express ( 2000 скијачи на час) која ги поврза двете скијалишта со вкупно 425 км патеки. 70% скипатеките се над 2000 м/нв.Може да скијате и на глечерите  Varet (3.226 м/нв.)  и Bellecôte (3.250 м/нв.).  За нова забава французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра.

Mille8 : “aquafun” комплекс, покриен воден парк со тобогани,сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца,нов ресторан…. Направена е и паралел слалом стаза за туристи….

YUGE  апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции но да едноставно пронајдете пријател со кој сте се разминале.

Содржини кои ќе ги најдете во местото: Барови/Пабови, Ресторани, Маркет, Пекара, спа центар,турист биро, банка/банкомат, сувенири, полициска станица, пошта, болница, аптека, планинска служба, кино, музеј, куглана, спортски центар, параглајдинг, санки влечени од кучиња, клубови, ски сервис, snow-park. GPS координати: 45.572223, 6.829650

FIRST MINUTE  цена важи до 15.Октомври 2025.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
  •  6 дневен скипас за стазите на LES  ARCS  
  •  Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик 950 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15 €  по лице за цело време на престој во студијата и апартманите а за ODALIS EDENARC 5* изнесува 28€.  Се плаќа во агенција.
  • ESENTIAL Paradiski skipass: 35 по особа за 425 км ски патеки плус бројни привилегии: Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција. Наша препорака!
  • Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
  • Постелнина, крпи, прибор за лична хигиена.
  • Завршно чистење на апартманите.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот. За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:

     Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

             > Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената

  > 12 – 8 недели пред поаѓање:   20% од цената

             >  8 – 4 недели пред поаѓање:   50% од цената

             >  4 недели пред поаѓање: 100% од цената

Сите детали и услови за патување во прилог pdf.                                                                                                                                                                                         

Претходен написи
2 x Val Thorens фрирајд Courchevel и Méribel aпмаркет скијање 2026
Следен напис
Châtel Portes du Soleil скијање од бајките низ Франција и Швајцарија 2026